Skip to main content

 Џејмс Харден oстанува во Клиперс

Ветеранот Џејмс Харден ќе потпише нов двегодишен договор од 81,5 милиони долари со Лос Анџелес Клиперс, објави ЕСПН.

Харден, кој ќе наполни 36 години пред почетокот на следната сезона, одигра 79 натпревари (сите како стартер) за тимот во сезоната 2024-2025 и имаше просек од 22,8 поени, 8,7 асистенции и 5,7 скока, иако неговиот процент на шут за три поени се намали од 38,1% претходната година на 35,2%.