Skip to main content

Даскаловски нов тренер на кошаркарите на Пелистер

Македонскиот кошаркарски стратег Борче Даскаловски е назначен за нов шеф на стручниот штаб на Пелистер, објави денеска битолскиот клуб.

„Во изминатиот период беа разгледувани неколку опции за нов шеф на стручниот штаб, по што изборот падна на Даскаловски, кој ќе има за задача да ги оствари зацртаните цели за периодот што следи“, се наведува во клупското соопштение.

Даскаловски беше член на стручниот штаб на македонската машка сениорска репрезентација во претквалификациите за СП 2027, а претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков.

Тренерската кариера Даскаловски ја почна во Вардар, а продолжи во Карпош Соколи. Извесен период беше и дел од стручниот штаб во Астана, додека прв тренер на овој клуб во ВТБ-лигата беше Емил Рајковиќ.

Последен тренерски ангажман на Даскаловски беше како предводник на Кожув каде се задржа неколку месеци.

Поврзани вести