Skip to main content

Дали сте виделе вакво забивање преку автомобил

Натпреварот во забивање на Ол-стар викендот во НБА ги оправда очекувањата и по долго време донесе многу возбуда и имагинативни креации од учесниците, а на крајот победи Мек МекКланг.

Со овој триумф членот на Орландо Меџик, кој настапува во Развојната лига, влезе во историјата на НБА, бидејќи стана првиот кошаркар кој три години по ред триумфирал во ова натпреварување.

Неговиот главен конкурент во Сан Франциско беше дебитантот од Сан Антонио, Стефон Кесл, кој покажа дека во наредните години тој може да биде тој што ќе го симне од тронот. Тој е млад, многу агилен, креативен и, на крајот, атлетски, апсолутно способен за нешто такво.

Кесл, според мислењето на многу фанови, можеби беше поатрактивен конкурент од конечниот победник, но ја имаше несреќата да го реализира првото забивање едвај при четвртиот обид, што го чинеше победа.

Имаше многу интересни потези, како забивањето на МекКланг над Еван Мобли и преку автомобил, во еден обид дури успеа да забие две топки истовремено, додека Кесл исто така беше многу креативен и на крајот испушти победа со 0,3 поени разлика.

Во финалето учествуваа и Матс Бузел и Андре Џексон Џуниор, но нивните настапи не беа вредни за споменување, особено на Џексон, кој ниту еднаш не успеа да го спроведе она што го замислил и доби најниски оценки. 

Поврзани вести