Skip to main content

Црвена Звезда доцна се разбуди против Реал

фото Принтскрин/Спорт Клуб

Кошаркарите на Реал Мадрид ја совладаа Црвена Звезда Белград во преполната белградска Арена со резултат 78:72 (9:22, 18:20, 18:13, 27:23) во 32. коло од Евролигата!

Гостите тргнаа силно погодувајќи од сите позиции, додека Црвена звезда немаше одговор!

Црвено-белите по овој пораз паднаа во поредокот заземајќи го 9. место, а дури 5 екипи имаат скор како нив од 18-14 (Ефес, Реал, Барселона и Париз, кои предизвикаа сензација во Атина).

Црвена звезда во следното коло ќе му гостува на Ефес, додека лигашката фаза ќе заврши со меч против Панатинаикос во Атина!

Се очекува голема борба за место во плеј-офот, но овој пораз значително ги намали шансите на црвено-белите за една од топ 6 позициите!

Поврзани вести