
– НБА ги регистрираше своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години, со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата.
Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледале барем дел од празничната божикна програма емитувана на Еј-Би-Си и ЕСПН, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година.
Лигата соопшти дека станува збор за најгледаниот „Божиќ во НБА“ во последните 15 години.
Просечната гледаност по натпревар изнесувала 5,5 милиони гледачи, а натпреварот Њујорк – Кливленд со 6,4 милиони гледачи е најгледаниот божикен натпревар во историјата на НБА.
Традицијата почна во 1947 година, а од 2008 година, на Божик се играат пет натпревари, кои се протегаат од попладневните до раните утрински часови по европско време.
НБА постави и рекорд во дигиталниот свет. Лигата достигна 1,6 милијарди прегледи на својата содржина, што претставува зголемување од 23 проценти во споредба со претходниот рекорден Божиќ 2014 година.

Македонски






