Skip to main content

Жезус поднесе оставка во Ал-Хилал, се подготвува ли за нов селектор на Бразил

Твитер Ал-Хилал
Твитер Ал-Хилал

Тренерот на Ал-Хилал, Жорге Жезус, поднесе оставка од функцијата, објави официјалната веб-страница на клубот од Саудиска Арабија.

Оставката на 70-годишниот Португалец доаѓа по елиминацијата во полуфиналето на Азиската Лига на шампиони од Ал Ахли (2:3). 

Жезус го водеше Ал-Хилал од 2018 до 2019 година и од 2023 година до сега. Тој со тимот стана шампион на Саудиска Арабија, три пати го освои Суперкупот на земјата и еднаш Купот на Кралот.

Жезус се смета за најголем кандидат за нов селектро на Бразил доколку Бразилците не успеат да се договорат со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти..