
Во спектакуларно финале со резултатски пресврти вечерва во Севиља, фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 3-2 (2-2, 1-0) и го освоија трофејот во шпанскиот Куп на кралот.
Педри во 29 минута ѝ донесе водство на Барселона, a со влегувањето на Килијан Мабпе во вториот дел уследи резултатски пресврт на Реал, откако францускиот репрезентативец израмни од слободен удар во 70 минута, а Орелиен Чуамени беше прецизен во 77 минута.
Со гол во 84 минута Феран Торес го израни резултатот и го однесе натпреварот во продолженија, а Жил Кунде ја обезбеди победата на каталонскиот клуб во 116 минута.

За Барселона ова е 32. титула во Купот на кралот која ја освои во своето прво финале по пауза од четири години.