
Младиот фудбалер Арсениј Јерошевиќ почина како последица на брутално претепување во рускиот град Нижни Новгород.
Јерошевиќ бил претепан на 17 август во близина на ноќен клуб од неколку мигранти.
Напаѓачите му се приближиле одзади и го удрија, по што тој паднал и силно ја удри главата од асфалтот. Иако ја изгубил свеста, тоа не ги спречило напаѓачите кои го клоцале и газеле по него.
Младиот фудбалер набрзо беше префрлен во болница, каде што му биле дијагностицирани бројни сериозни повреди, вклучувајќи фрактура на черепот, хематом на мозокот и руптуриран ларинкс.
И покрај напорите на лекарите не можеле да го спасат.
Вознемирувачкото видео погледнете го овде