Skip to main content

Виљареал потроши рекордна сума пари за португалскиот дефанзивец Ренато Веига

Instagram / renatoveiga95
Instagram / renatoveiga95

Поранешниот играч на Челзи, Ренато Веига, е нов фудбалер на Виљареал, објави шпанскиот прволигаш.

Веига потпиша седумгодишен договор со Виљареал, а шпанскиот клуб не ја наведе вредноста на трансферот во своето соопштение. Сепак, добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо објави дека тоа е најскапата аквизиција во историјата на Виљареал, бидејќи шпанскиот клуб му платил на Челзи 29,5 милиони евра за 22-годишниот португалски дефанзивец, вклучувајќи ги и бонусите.

Ренато Веига е врвен левоног стопер, висок, силен и технички надарен. Тој се издвојува по својата физичка сила, способност во дуели еден на еден и одличен шут. Освен што може да игра на двете страни од централната одбрана, може да игра и како лев бек или дури и како играч од средниот ред. Вистински дефанзивец на ниво на Лигата на шампионите“, пишува на веб-страницата на Виљареал.

Веига дојде во Челзи во јули минатата година од Базел, додека вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Јувентус.

Тој дебитираше за португалската репрезентација во октомври минатата година.