Skip to main content

ВИДЕО: Јован Манев ја слави својата прва титула со Ријека!

Фото: Принтскрин

Ријека ја запре седумгодишната доминација на Динамо Загреб во хрватскиот шампионат. По седум едноподруго титули за „модрите“ во Хрватска, сега Ријека е нов шампион за сезоната 2024/25.

По сезоната 2016/17 кога ја освои шампионската круна, Ријека денеска дојде до својата втора титула во историјата благодарение на победата од 2-0 против Славен Белупо пред своите навивачи. Веднаш по последниот судиски свиреж настана вистинска „лудница“ на „Рујевица“ каде во моментов се слави трофејот на Ријека.

А, своја прв титула во кариерата слави и македонскиот репрезентативец Јован Манев кој оваа полусезона е дел од Ријека.