
Пред натпреварот на Виљареал против Манчестер сити во Лигата на шампионите, тренерот на Виљареал, Марселино Гарсија Торал, изрази надеж дека серијата голови на напаѓачот Ерлинг Халанд ќе заврши.
– Се надеваме дека неговата серија голови ќе заврши. Ако кажам дека е најдобриот број девет, не ви кажувам ништо. Но, сакаме да играме против најдобрите, а тоа ни помага да растеме. Кон тоа треба да се стремиме. Ќе се обидеме да не му дозволиме премногу да ја допира топката, но знаеме дека ќе биде тешко да се чува. Се надеваме дека ќе го заврши натпреварот без да постигне гол, истакна шпанскиот тренер.
Дваесет и петгодишниот Норвежанец постигна 14 гола и имаше две асистенции на 10 натпревари во сезоната 2025/26.
Виљареал вечер од 21 часот ќе биде домаќин на Манчестер сити