
Вечева на „Градски“ спектакл, Вардар-Црвена звезда за настраданите во Кочани. На едно место ќе можете да ги видите актуелните играчи на српскиот тим но и порѐнешните звезди како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Пижон, Душко Тошиќ.
Хуманитарниот пријателски натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда кој утре ќе се игра на „Градски“ со почеток од 20 часот, ќе има и директен ТВ пренос.
Мечот во живо ќе биде емитуван на МТВ, а за гледачите од целиот Балкан ќе биде достапна и на „Арена Премиум 3“ каналот.
Се очекува oдлична атмосфера со повеќе од 20.000 навивачи. Собраните средства од продажбата на билетите ќе биде целосно донирана за настраданите во големата трагедија во Кочани.