
По натпреварот разочараноста не ја криеше тренерот на македонскиот првак Јетон Беќири.
„Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди не делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој резултат. Можеби немавме среќа, можеби требаше да постапиме поинаку, ама во последните секунди немавме среќа. Мислам дека не беше од преголема желба, туку не бевме добро поставени во одредени позиции. Фудбалот е таков, ако на последниот меч победивме со гол во последна секунда, сега се случи спротивното. Овојпат три секунди нè делеа од победата. Задоволен сум од екипата, во првиот дел бевме повнимателни. Игравме против квалитетен ривал. Освен моментот кога примивме гол, Јагјелонија немаше шанси за погодок, па тоа значи дека добро бевме поставени. Единствената наша дефанзивна грешка беше тој примен гол. И ние и Дрита влегуваме со исти шанси. Тие се со бод повеќе, па очекувам да биде 50-50%. Ова се пријателски екипи и очекувам добар натпревар во Приштина.

Македонски







