
– Силекс го совлада Арсими на гостински терен so 1-0, додека Струга триумфираше на гостувањето во Куманово над Башкими сo 5-0 во двата денешни натпревари во рамки на 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Струга ја продолжи победничката серија и дојде до четвртиот триумф оваа сезона со головите на Кампаоре (24), Радески (36, 56), Шабани (67) и Малески (86). Башкими од 23 минута беше со играч помалку на теренот поради директен црвен картон што му беше покажан на Симоновски.
На теренот во Гостивар, фудбалерите на Силекс дојдоа во водство со голот на Мирчевски во 17 минута и до крајот на натпреварот ја зачуваа предноста за да ја забележат четвртата победа во серија.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела со натпреварите Македонија ЃП – Пелистер и Тиквеш – АП Брера.
Вардар вчера во Струмица го совлада Шкупи со 4-2, додека дуелот меѓу Работнички и Шкендија е одложе