Skip to main content

Столе Димитриевски остана без тренер: Валенсија го отпушти Рубен Бараха

Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, го отпушти тренерот Рубен Бараха.

Бараха е една од најголемите легенди во историјата на Валенсија. По неговото пристигнување во февруари 2023 година, тој помогна да се стабилизира тимот, да се надмине комплицираната ситуација, а минатата година придонесе за имплементација на конкурентните вредности кои ја доближија Валенсија до борбата за европските позиции практично до последните денови од шампионатот. Динамиката на резултатите во текот на оваа сезона бараше одлука која беше многу тешка за носење, но која има за цел да ја сврти ситуацијата и да постигне подобар резултат“, објавија од Валенсија.

Во клупското соопштение не се наведува кој ќе го замени Бараха.

Валенсија го зазема претпоследното, 19. место на табелата во Ла Лига со 12 бодови.

Бараха го носеше дресот на Валенсија од 2000 до 2010 година, одигрувајќи 364 натпревари на кои постигна 57 голови. 

Поврзани вести