
Со крајно наивен и непотребен пенал, екипата на Шкендија губи од Карабах со 1:0.
Иако до 18. минута играта на теренот беше целосно под контрола на тетовци, при една сосема безопасна ситуација и буквално на самата линија од шеснаесетникот, Роналдо Вебстер сопна еден противнички играч во момент кога тој беше свртен со грбот кон голот на Шкендија.
Судијата првично покажа слободен удар, но по интервенција на ВАР, топката беше поставена на белата точка.