
Арне Слот е блиску до отпуштање од Ливерпул, според обложувалниците во Англија.
Ливерпул победи само на четири од последните 14 натпревари. Синоќа тимот ремизираше 1:1 со Сандерленд во 14. коло од Премиер лигата.
Слот стана втор фаворит за отпуштање во Премиер лигата. За само 24 часа, квотите за негово отпуштање се преполовија, од 6,00 на 2,50.
Даниел Фарке (1,73) од Лидс се смета за водечки кандидат за следното отпуштање во Премиер лигата. Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк (4,00) ги заокружува првите три меѓу британските обложувалници.

Македонски







