Skip to main content

Сити потроши 200 милиони евра за трансфери и нема да бидат шампиони

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити во зимскиот преоден рок потроши 212 милиони евра.

За време на комплетираниот трансфер период, англискиот клуб реализираше четири трансфери.

„Граѓаните“ ги добија Витор Рејс за 37, Абдукодир Кусанов за 40 милиони евра, Омар Мармуш за 75 милиони евра и Нико Гонзалес за 60 милиони евра.

Со ова Манчестер сити го бележи вториот најголем зимски преоден рок во историјата.

Само Челзи потроши повеќе во зима – во 2023 година клубот од Лондон плати 330 милиони евра за трансфер на фудбалери

Поврзани вести