Skip to main content

Шкендија загуби во дуелот на „албанските“ екипи

 Фудбалерите на Шкендија синоќа во Приштина се поразени од Дрита со 1:0 во дуел од 4.коло во УЕФА Конференциската лига.

Тренерот на Шкендија Јетон Беќири, им честиташе победата на противничкиот тим, а притоа нагласи дека Шкендија доминираше во натпреварот против косовскиот фудбалски шампион.

– И честитам на Дрита за победата. Бевме доминантни речиси 90 минути, но на овие нивоа на европски натпреварувања, кога ќе го примите голот што го примивме ние, многу лесен гол, не можете да се надевате на позитивен резултат. И покрај тоа што имавме време да реагираме, создадовме неколку шанси, доминиравме на теренот, но немавме среќа во одредени моменти, изјави Беќири на прес-конференцијата по натпреварот.

Шкендија следниот натпревар од домашната лига го игра во понеделник на домашен терен против Работнички.

Поврзани вести