Skip to main content

Шкендија во вторник игра за историја

 Пласманот во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкендија значеше и дополнителна обврска. Клубот од Тетово донесе одлука првиот натпревар што треба да го игра како домаќин на Националната Арена во Скопје да се игра на 5.август (вторник) со почеток во 20 часот. 

Тетовчани ништо не менуваат истиот ден (вторник) и во ист термин (20 часот) ги играа и претходите два натпревара како домаќини со ТНС од Велс и ФЦСБ од Романија.

Реванш дуелот ќе се игра на 12.август во Баку во 18 часот. 

Поврзани вести