
Турски Самсунспор или полски Лех Познањ се можните противници на Шкендија во плејофот во Конференциската Лига на УЕФА.
Во жрепката која е закажана за 16 јануари идната година во Нион ќе се најдат 16 екипи, кои ја завршија групната фаза од 9 до 24 место.
Шкендија со седум бодови го освои 22 место, забележувајќи победи против Слован 2-0 и Шелбурн 1-0, реми против Јагиелонија 1-1, а претрпе два порази од АЕЛ Ларнака 1-0 и Рајо Ваљекано 2-0.
Со пласманот во плејофот во Лигата на конференции, Шкендија го постигна најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал на европската сцена станувајќи прв домашен клуб кој се пласираше во нокаут фазата.
Шкендија во првиот натпревар од плејофот ќе биде домаќин на 19 февруари, додека реваншите се закажани за 26 февруари.
Победниците од осумте плејоф пресметки ќе обезбедат пласман во осминафиналето во Лигата на конференнции.

Македонски






