
Екипата на Самсунспор од Турција е противникот на тетовска Шкендија во првата рунда од нокаут фазата во УЕФА Конференциската лига. Тоа е епилогот од денешното извлекување на двојките во ова европско натпреварување.
Првиот натпревар Шкендија ќе го игра во Скопје на 19.февруари, додека реваншот е седум дена подоцна на теренот на Самсун.
Македонскиот претставник групната фаза ја заврши на 22.место на табелата и на тој начин обезбеди „фудбалска пролет“ во плеј офот.

Македонски





