Skip to main content

Се сеќавате на Подолски: Покрај фудбалот е и бизнисмен

Поранешниот германски фудбалски репрезентативец Лукас Подолски сè уште игра фудбал на 40-годишна возраст, а стана и косопственик на полскиот прволигаш Горник Забрже, клубот чиј дрес го носи.


Би било убаво ова да е почеток на нешто големо за клубот и нашите навивачи. Приватизацијата е во тек и борбата продолжува“, рече Подолски, кој купи нешто повеќе од осум проценти од акциите на клубот, што го прави втор најголем акционер.


Подолски е роден во полскиот град Гливице, но на млада возраст се пресели во Германија каде ја изгради својата фудбалска кариера. Играше за Келн и Баерн, а потоа настапуваше за Арсенал, Интер, Галатасарај, Кобе и Анталијаспор. Од 2021 година е член на Горник Забрже.

За германската репрезентација Подолски одигра 130 натпревари од кои последниот во 2017 година.