Skip to main content

Роналдо: Никој нема загрантирано место во репрезентацијата, па ни јас

 Најголемата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо зборуваше за очекувањата пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Република Ирска.

Натпреварот ќе се игра вечер во Даблин со почеток во 20:45 часот.

– Многу сум среќен. Имам одличен однос со селекторот Роберто Мартинез и сакам да продолжам во овој дух. Целта ни е добро да ги завршиме квалификациите и сме многу позитивни. Поддршката од навивачите ќе биде нивна предност и разбираме дека овој натпревар нема да биде лесен. Тие се физички силни, но ние мора да ја играме нашата игра“, рече играчот на прес-конференција.

Напаѓачот, исто така, истакна дека не се смета себеси за „недопирлив“ играч за репрезентацијата на Португалија.

-Никој нема загарантирано место во тимот. Сè зависи од заслугите и моменталната форма. Се обидувам да ја оправдам довербата што ми е дадена кога сум во почетниот состав, а исто така се стремам да му помогнам на тимот надвор од теренот, додаде Роналдо.

Со победа над Ирска, португалската репрезентација ќе се пласира во финалето на Светското првенство во 2026 година.

Поврзани вести