
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо би можел да игра на Светското клупско првенство благодарение на специјалниот преоден рок.
– Се водат разговори со некои клубови, па ако има клуб што го следи Роналдо и е заинтересиран да го доведе на Светското клупско првенство, којзнае… Уште неколку недели и ќе биде забавно, рече Инфантино на интернет каналот „iShowSpeed“.
Можно е еден од учесниците на Светското клупско првенство да го покани Роналдо за учество на турнирот.
Голема е веројатноста Роналдо да игра за Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Палмеирас од Бразил или Вајдад од Мароко.
Договорот на Роналдо со Ал-Наср од Саудиска Арабија истекува на 30 јуни 2025 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот постигна 34 гола и имаше четири асистенции на 40 натпревари.
Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули