Skip to main content

Рома остана без Диабала

 Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома објави попладнево дека неговиот напаѓач и аргентински репрезентативец Пауло Дибала (31) ќе го пропушти остатокот од оваа сезона поради операција на левиот бутен мускул.

„Играчот и клубот се договорија дека операцијата е најдобрата опција за целосно закрепнување“, објави Рома.

Аргентинскиот фудбалер преку социјалните мрежи најави дека ќе се врати уште посилен.

„Наскоро ќе се вратам уште посилен, тоа е ветување“, објави Дибала.

Оваа сезона Дибала постигна осум голови во сите натпреварувања, а неговата повреда доаѓа токму кога Рома е во фантастична форма.

Тимот кој д средината на ноември го презеде искусниот Клаудио Раниери победи на последните шест натпревари, нема пораз во последните 13 натпревари и се искачи од 15. на седмото место во Серија А.