Skip to main content

Роберто Карлос: Дејвид Бекам е најдобриот фудбалер со кого сум играл

Facebook / Roberto Carlos RC3

Легендарниот бразилски фудбалер, Роберто Карлос изјави дека Дејвид Бекам е најдобриот играч со кој играл во текот на кариерата.

Роберто Карлос и Бекам своевремено играа заедно во Реал Мадрид, а англискиот фудбалер од 2003 до 2007 година постигна 20 голови и додаде 52 асистенции за шпанскиот клуб, освојувајќи го првенството и Суперкупот.

За време на својата успешна кариера, Роберто Карлос играше со легендарни играчи како Роналдо и Роналдињо, но одговарајќи на прашање кој е неговиот најдобар соиграч, го наведе Бекам.

Зидан беше врвен, но Бекам беше најдобар на тренинзите и најдобриот на натпреварите. Постојано трчаше и правеше неверојатни додавања. Играше со сето свое срце.

Без оглед на тоа што луѓето велат за Роналдо, Зидан, Раул, Луис Фиго, според мене, Бекам беше најконстантен и најдобар“, поранешниот бразилски репрезентативец гостувајќи во поткаст.