Skip to main content

Пуштен во употреба обновен спортски центар во тетовско Доброште, Општина Теарце

 Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши, денеска го пуштија во употреба комплетно реконструираниот спортски центар во село Доброште, информираат од Министерството.

Во рамките на спортскиот комплекс изградено е: фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и детско игралиште опремено со соодветни реквизити.

-Со оваа инфраструктурна инвестиција на Министерството за спорт, жителите на Доброште и околните населени места, а особено младите, добија современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.Нашата цел и заложба е да обезбедиме услови за спорт и здрав живот во секоја општина, затоа што спортот мора да биде достапен за сите. Продолжуваме со реализација на проекти кои го унапредуваат спортот и ја подобруваат инфраструктурата низ целата држава, изјави министерот Ристовски.

Овој проект е дел од програмата на Министерството за спорт за изградба и обнова на спортската инфраструктура и рамномерна распределба на инвестициите низ целата државата. 

Поврзани вести