Skip to main content

Постигнавме гол, одигравме добро, но ВАР-от ни пресуди пораз од Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација го одигра најдобриот натпревар по поголго време, можеби и најдобриот под раководство н селекторот Гоце Седлоски, но по контроверзна одлука на ВАР судијата и сомнителниот пенал досуден за Шкотска, сепак, на крајот загубивме со 2:1.

Шкотите на теренот имаа иницијатива, имаа и повеќе шанси, но далеку од тоа да имаат некаква апсолутна доминација. Напротив, нашите фудбалери, со покажаното на стадионот „Хампден парк“ во Газгов сосема разбирливо можеа да дојдат до бод. Игравме мирно во изнесуањето на топката и во срединаа на теренот, иако без да создадеме премногу опасни ситуации.

За одбележување е првиот постигнат гол во овој цилус од Лиата на нации, а стрелец беше Елмин Растодер со глава, по одично изведениот коренр на Енс Барди. Тоа беше погодок во 57 минута кој го врати егалот на семафорот, откако три минути предходно, Џон Мекгин го отвори резултатот. Тој гол дојде по наша грешка, односно неодлучност од страна на Елиф Елмас и Висар Муслиу, кои дозволија топката неколкупати да отскокне во просторот од дваесетина метри пред нашиот гол кон казнениот простор, што Мекгин снаодливо го искористи за да ја забие топката во нашата мрежа.

Реавачкиот, но и најспорниот момент се случи на дваесетина минути до крајот кога Бен Генон-Доук тргна во продор кон нашиот петерец, Столе Димитриевски голмански го затвори аголот при што шкотскиот фудбаер ја остви ногата за да предизвика контакт со нашиот голман. Ситуацијата бее таква т дури ни Шкотите не покажаа жестокост или упорност за да бараат најстрога казна, а дуеот продолжи. Сепак, една-две акции подоцна, судијата Михал Оченаш беше повикан од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата на екранот, по што одучи да досуди пенал. Сигурен реализатор беѓа Мекгим.

До крајор на средбата нашите се обидоа извршат притисок кон шкотскиот гол за евентуална шанса за ново изедначуање, но не успеавме да дојдеме до сериозна можност.

По овој пораз, настапите во овој цилус од Лигата на нации го завршувае во Скопје во понеделник, кога ја пречекуваме Словенија.

Поврзани вести