
Во италијанскиот шампионат денеска нема да има натпревари откако утрово почина папата Франциско. Италијанската фудбалска лига одлучи да ги одложи на неодредено натпреварите Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус кои се од 33.коло и требаше да се играат денеска.
Папата Франциско почина во понеделник наутро, објави кардиналот Кевин Фарел.
Во 7 часот и 35 минути утринава, римскиот бискуп Фрањо се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква, се вели во изјавата на Фарел.
