Skip to main content

Нејмар за малку ќе играше на Светското клупско првенство

 Фудбалерот на Сантос, Нејмар изјави дека можел да се пресели во Флуминенсе за да игра на Светското клупско првенство кое е во тек во САД.

– Бев блиску до приклучување кон Флуминенсе за Светското клупско првенство, тоа беше сериозна шанса. Но решив да не продолжам и да останам во Сантос за да заздравам, бидејќи се уште не сум 100 отсто подготвен и сакам што поскоро да се вратам во најдобрата форма, ја цитира новинарот Фабрицио Романо изјавата на Нејмар на социјалната мрежа Икс.

Светското клупско првенство се одржува во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули. 

Флуминенсе ремизираше 0:0 со Борусија Дортмунд во 1. коло во групата Ф. Во групата се и екипите на Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка) и Улсан (Кореја)

Поврзани вести