Skip to main content

Не му е лесно: Газдата на Јунајтед сака Манчестер да биде оној стариот

Сосопственикот на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, се осврна на критиките за работата на управата на клубот кој неколку години се наоѓа во резултатска криза

– Знам дека ова е непријатно време низ кое поминуваат нашите навивачи, а некои од одлуките што треба да ги донесеме се непријатни. Но, тие се потребни за да се врати стабилноста на Манчестер јунајтед. Ако луѓето сакаат Манчестер јунајтед повторно да освојува трофеи, тогаш ние мора да го направиме сето ова. Тоа е тешко прашање, непопуларно, би било многу подобро да не се занимаваме со тоа. Но, ако не го направиме ова, едноставно ќе останеме на исто ниво како последните 12 години. Сакам Манчестер јунајтед да биде на старите патеки, таму каде што се Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул. Ова е местото каде што сакам да го видам клубот. Мојот единствен интерес овде е да го вратам во поранешната големина. Таму каде што припаѓа, изјави Ретклиф за „Би-би-си“.

По 28 кола, Манчестер јунајтед е на 14. место во поредокот во Премиер лигата со 34 бодови.

Британскиот милијардер Ретклиф во управата на Манчестер јунајтед влезе пред една и пол година.

Поврзани вести