
Судирот меѓу Шибеник и Хајдук во последното коло од ХНЛ беше обележан со инциденти на и надвор од теренот.
Хрватската полиција го означи овој натпревар како натпревар од висок ризик, а сега на сите им е јасно зошто. Огромна нетрпеливост владее помеѓу домашниот тим и сплитската Торцида, па средбите меѓу овие клубови не можат да поминат без инциденти.
Хајдук го победи Шибеник со резултат од 0:1, а натпреварот беше прекинат во 85-тата минута, бидејќи голманот на Хајдук, Тони Силиќ, беше погоден од факел од трибините.