
Според германските и француските медиуми, 29-годишен играч на Баерн Минхен и германски репрезентативец Лирој Сане е сè поблиску до трансфер во турскиот шампион Галатасарај.
Сане отпатува во САД со клупските колеги од Баерн за претстојното Светско клупско првенство, но, медиумите наведуваат дека е реално да се очекува негово напуштање на тимот во момент кога ќе бидат финализирани преговорите со Галатасарај, кои сè уште се во тек.
Својот прв натпревар на Светското клупско првенство Баерн ќе го одигра на 15 јуни против Оукленд.
Тотенхем и Арсенал исто така беа заинтересирани за потписот на Сане, кој во својата кариера одигра 70 натпревари за германската репрезентација и постигна 14 голови.
Сане ја почна својата професионална кариера во Шалке, а потоа играше за Манчестер Сити од 2016 до 2020 година. Од англискиот клуб се пресели во Баерн, за кој одигра 153 натпревари во Бундеслигата и постигна 40 голови.