Skip to main content

На Меси му се игра на СП следната година

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, зборуваше за својата желба да игра на Светското првенство во 2026 година.

– Искрено, би било неверојатно кул да играм на Светското првенство. Би сакал да бидам во форма и да играм важна улога во националниот тим. Секако, многу сум возбуден, бидејќи тоа е Светско првенство. Го освоивме последниот турнир и би било одлично да ја одбраниме титулата. Играњето за репрезентацијата, особено на Мундијал е сон, изјави Меси за „Мундо Депортиво“.

Триесет и осумгодишниот Меси игра за Интер Мајами од 2023 година. Претходно играше за Барселона и ПСЖ.

Меси има осум награди „Златна топка“. Со репрезентацијата на Аргентина, тој го освои Светското првенство во 2022 година, Копа Америка (во 2021 и 2024 година), Финалисма 2022 година и Олимписките игри во 2008 година.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули

Поврзани вести