
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата од 6:3 на Глазгов Ренџерс на гостувањето против Фалкрик во натпревар од 32.коло од шкотската Премиер лига. Миовски во игра влезе во вториот дел, а двата гола ги постигна во 58.минута за водство на неговиот тим од 4:2 и во 88.минута за конечните 6:3.
Глазгов Ренџерс на пет кола до крајот се наоѓа на второто место на табелата со 69 бодови, еден помалку од лидерот Хартс и два повеќе од големиот ривал Селтик.
Со овие два гола Миовски стигна до бројката од седум голови, а на последните два натпревара постигнува три гола

Македонски


