Skip to main content

Минимална победа за Галатасарај против Ливерпул

Првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите заврши со победа на Галатасарај против Ливерпул со 1:0. На „отворањето“ од оваа фаза домашниот тим бодрен од домашните навивачи ја искористи шансата на почетокот на дуелот и стигна до заслужена победа.

Стрелец на единствениот гол беше Лемина во 7.минута.

Во вториот дел имаше и два поништени гола. Прво Галатасарај постигна гол преку Осимен, кој беше поништен заради офсајд позиција, а потоа гол беше поништен и на Ливерпул поради игра со рака на Конате пред мрежата на Галатасарај да се затресе.

Вечерва од 21 часот се играат натпреварите: Аталанта – Баерн, Атлетико Мадрид – Тотенхем и Њукасл – Барселона. Утре се играат другите осминафинални дуели: Баер Леверкузен – Арсенал, Бодо/Глимт – Спортинг, ПСЖ – Челзи и Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Реванш натпреварите се играат на 17 и 18.март.

Поврзани вести