Skip to main content

Мартинез: Роналдо е пример за сите, за помладите привилегија е да бидат покрај него

Фото: Инстаграм

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, одговори на прашање за важноста на Кристијано Роналдо за репрезентацијата пред натпреварот против Шпанија во финалето на Лигата на нации.

-Кристијано ќе игра во финалето за репрезентацијата по четврти пат. Тој е неверојатен, тој е пример за сите. Ми се допаѓа неговата решителност. Тој освои сè, но следниот ден повторно почнува од нула. За играчи како Родриго Мора, Кенда и Жоао Невес, можноста да се биде во соблекувалната и да се работи со Кристијано Роналдо е подарок, изјави Мартинез за сајтот на УЕФА.

Репрезентациите на Португалија и Шпанија ќе играат на „Алијанц Арена“ во Минхен во финалето на Лигата на нации. Натпреварот почнува вечер во 21 часот. 

Поврзани вести