Skip to main content

Македонските фудбалери до 19 години го стартуваа вториот квалификациски круг за ЕП

ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години се подготвува за настап во вториот квалификациски круг за пласман на Европското првенство 2027, што ќе го одигра на домашен терен во периодот од 9 до 17 ноември.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Северна Ирска, Словенија и Малта, а сите натпревари ќе се одиграат во Турново и Струмица, со почеток во 13:00 часот.

Македонија го отвора квалификацискиот турнир на 11 ноември против Cеверна Ирска на стадионот „Кукуш“ во Турново. Три денови подоцна, македонските фудбалери ќе се соочат со Словенија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат на 17 ноември против Малта.

Целта на македонската селекција е да го освои првото место во групата и да обезбеди пласман во Лига А за третиот квалификациски круг, со што ќе остане во трка за настап на завршниот турнир на Европското првенство 2027.

Селекторот Димитар Капинковски за претстојниот квалификациски турнир се одлучи за список од 21 фудбалер.

Голмани: Александар Трајковски (Брера Струмица), Павел Грбевски (Тетекс), Бесјан Алију (Башкими).

Одбрана: Албан Рочи (Струга Трим Лум), Христијан Маркоски (Келн, Германија), Матео Кесик (Јединство), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Анес Абдурахмани (Шкендија).

Среден ред: Габриел Талески, Бојан Велков и Иван Танчев (Брера Струмица), Лорен Жаку (Билиш, Албанија), Александар Грашевски (Динамо Загреб, Хрватска), Лавдрим Касами (Умраниеспор, Турција).

Напад: Мухамед Куртиши (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Јован Мрмачовски (Пелистер), Јаков Стојковски (Падерборн, Германија), Јордан Дамевски (Арка, Норвешка), Дитмир Хоџа (Лидс Јунајтед, Англија), Антиан Емини (Кожуф).