
Македонската фудбалска репрезентација го почна третиот дуел од тековните мундијалски квалификации против репрезентација на Белгија.
Арената Тодор Проески во Скопје е речиси полна, олујата пред стартот на мечот не ги поколеба нашите навивачи да пристигнат и да ја наполнат.

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги одбра најдобрите 11 фудбалери за вечерашниот натпревар против Белгија во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Меѓу стартните играчи се враќаат неколку проверени имиња, а натпреварот ќе го започне капитенот Енис Барди. Одбраната ја предводат Алиоски, Муслиу и Ѓалков, додека во нападот се очекува голови од Бојан Миовски.
На нашите репрезентативци им треба максимална поддршка, а како да се стартува најдобро со громогласно интонирање на химната