![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/liverpul.png)
Тимот на Ливерпул претрпе пораз на гости кај Плимут во осминафиналето од ФА Купот со 0:1.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Рајан Харди, кој реализираше пенал во 53. минута.
Со овој пораз, Ливерпул го заврши учеството на турнирот. Плимут се пласираше во осминафиналето, а противникот во следната рунда ќе биде одреден со жрепка.
Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 56 бода од 23 натпревари. Плимут е на дното во Чемпионшип со 25 бода по 30 натпревари.