Skip to main content

Легендата Имобиле се враќа во Италија

Најдобриот стрелец во Италија во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), се согласи на меѓусебен раскин на договорот со турскиот гигант Бешикташ, каде настапуваше изминатата сезона, и ќе се врати во својата татковина, јавија денеска италијанските медиуми.

Истите извори наведуваат дека Имобиле треба да потпише едногодишен договор со Болоња со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Иако е на 35 годишна возраст, Имобиле е сè уште продуктивен на теренот и, минатата сезона постигна 19 голови, додавајќи и четири асистенции во дресот на Бешикташ.

Имобиле е осмиот најдобар стрелец во историјата на Серија А со 201 голови од кои 169 во дресот на Лацио што го носеше осум години.