
Легендата на Реал Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација, Раул Гонзалез, е назначен за тренер на шпанскиот второлигаш Овиедо.
Четиририесетидеветгодишниот Раул седнува на местото на Хулијан Калера, кој доби отказ по 13 одиграни кола, оставајќи го Овиедо на деветтото место на табелата.
Раул стекна тренерско искуство во Б-тимот на Реал, што го предводеше од 2019 до 2025 година.
На клупата на Овиедо ќе дебитира в сабота против Џирона.
Раул го носеше дресот на Реал Мадрид 16 години, постигнувајќи 323 голови. Со Кралскиот клуб освои шест шампионски титули во Шпанија и три пати ја освои Лигата на шампиони.

Македонски



