Skip to main content

Куртоа смета дека Реал игра премногу споро

– Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, е самокритичен по синоќешниот натпревар со Бенфика (2:1) во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите.

– Реал Мадрид се мачеше во првото полувреме. Имавме проблеми во одбраната и не контролиравме добро многу области, поради што примивме гол. Во второто полувреме ги намаливме тие области, а нашата игра се подобри. Кога ја држиме топката предолго без да ја движиме брзо и директно, тоа му дава можност на противникот да се адаптира и ефикасно да се брани. Треба да дејствуваме побрзо, изјави Куртоа за „Movistar“.

„Кралскиот тим“ го доби првиот натпревар со 1:0, пласирајќи се во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Манчестер сити или со Спортинг. 

Ждрепката за осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи утре со почеток во 13 часот во седиштето на УЕФА во Нион. 

Поврзани вести