
Италијанската асоцијација на фудбалери ги прогласи најдобрите за сезоната 2024/25 во Серија А.
Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Скот Мектоминај, беше прогласен за играч на годината за минатата сезона. Наполи ја доби наградата за најдобар клуб, а нивниот менаџер, Антонио Конте, беше прогласен за тренер на сезоната.
Во тимот на сезоната се најдоа: Миле Свилар (Рома), Дензел Дамфрис (Интер), Амир Рахмани (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Федерико Димарко (Интер), Скот Мектоминај (Наполи), Николо Барела (Интер), Тијани Рејндерс (Милан, трансфер во Манчестер сити), Лаутаро Мартинез (Интер), Моиз Кин (Фиорентина) и Матео Ретеги (Аталанта, трансфер во Ал-Кадисија)

Македонски






