![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/andon-doncevski-1024x643.jpg)
Фудбалско Кавадарци и тоа како знае да ги почитува своите великани, знае да ги почитува вредностите. Кавадарци е познато во Македонија дека изнедрило многу великани од сите сфери на општествениот живот, а посебно од спортот и фудбалот. Еден од нив е Андон Дончевски или Чичко Дончо, родениот кавадарчанец, во свое време еден од најдобрите македонски фудбалери и тренери, а ќе се памети и како прв селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација во самостојна Македонија.