Skip to main content

Каква драма и реми на „Градски“

Во натпревар од квалификациите за СП кој беше во знак на трагедијата во Кочани, Македонија и Велс одиграа 1-1

Мечот беше изеднечен, со по неколку шанси на двете страни. Најсериозната шанса за Македонија беше во 62-рата минута кога гостинскиот голман Дарлоу го одбрани силниот шут на Чурлинов.

Впечатокот е дека двете репрезентации како повеќе да беа заинтересирани да го сочуваат својот гол. Миовски погоди за водство, но во финишот Велс дојде до изедначување во 94 минута преку Брукс.

По овој меч Македонија и Велс имаат по четири бодови.



Поврзани вести