Skip to main content

Интер Мајами и Ал Ахли со реми го отворија Светското клупско првенство, вечерва играат ПСЖ и Атлетико Мадрид

Facebook FIFA
Facebook FIFA

Без голови (0:0) заврши натпреварот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли од Каиро со којшто беше отворено Светското клупско првенство во фудбал.

Екипата за која настапува Лионел Меси имаше среќа што не загуби на домашниот стадион „Хард Рок“ во Мајами, со оглед на тоа што фудбалерот на египетскиот тим, Трезеге, промаши пенал во 43 минута.

Интер Мајами ќе го игра својот следен натпревар против Порто на 19 јуни, додека Ал Ахли ќе игра против Палмеирас истиот ден.

За денес на распоредот се уште две средби:

Баерн Минхен – Оукленд сити (почеток 18 часот)

ПСЖ – Атлетико Мадрид (21 часот).

Ова е прво Светско клупско првенство на ФИФА со 32 екипи. 

Поврзани вести