Skip to main content

Инсиње пред враќање во Серија А, Лацио му ги отвора вратите

Facebook / Lorenzo Insigne

Поранешниот италијански репрезентативец, Лоренцо Инсиње (34), чиј договор со американскиот МЛС лигаш Торонто истече, би можел да потпише за Лацио во зимскиот преоден рок, јавија италијанските медиуми.

Според истите извори, Лацио е подготвен да му понуди шестмесечен договор на Инсиње со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Најавите за негово доаѓање во Лацио е поткрепено со фактот дека повторно би соработувал со тренерот Маурицио Сари, откако Инсиње ги одигра најдобрите натпревари во својата кариера додека Сари му беше тренер во Наполи.

Инсиње играше за Наполи осум сезони, а во летото 2022 година замина во МЛС лигата, потпишувајќи за Торонто.
Последниот настап за италијанската репрезентација го имаше во март 2022 година.