Skip to main content

И Словенија остана без селектор

Фудбалската федерација на Словенија објави денеска дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот селектор Матјаж Кек, чиј договор истече на крајот на ноември.


„Претседателот на Фудбалската федерација на Словенија и селекторот Матјаж Кек се сретнаа и по разговорот заклучија дека, по седум години многу добра и фер соработка, која донесе исклучителен успех во квалификациите за Европското првенство и пласманот во осминафиналето, соработката завршува. Во оваа прилика, искрено му се заблагодаруваме на Матјаж Кек за сработеното и достигнувањата што засекогаш ќе останат во историјата на словенечката репрезентација“, се наведува во соопштението.#
Кек го почна својот втор мандат како селектор на Словенија во ноември 2018 година.
Под негово водство, Словенија на ланското Европско првенство дојде до осминафиналето во кое загуби од Португалија на пенали